Оклахома без првиот центар против Атланта

Првиот центар на Оклахома, Стивен Адамс, многу веројатно нема да биде дел од натпреварот против Атланта Хокс.

Кошаркарот од Нов Зеланд го повреди скочниот зглоб на дуелот против Сан Антонио, но успеа да се врати на мечот против Сакраменто Кингс. За време на третиот период тој повторно се пожали на болки и го напушти паркетот, а неговиот настап е неизвесен.

Хокси се едни од најлошите екипи во НБА-лигата, па така се очекува Оклахома да го одмори Адамс.