• Саше Љолес

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ќе бидат значително ослабени во првиот натпревар од серијата против Лос Анџелес Лејкерс, откако стана јасно дека Џејлин Вилијамс нема да биде во комбинација за настап.
Еден од најдобрите играчи на Оклахома е надвор од тимот поради повреда на задната ложа, која ја заработи во претходната плеј-оф серија. И покрај напредокот во закрепнувањето, медицинскиот тим не му даде дозвола за настап на стартот од полуфиналето на западната конференција.
Во Оклахома се надеваат дека Вилијамс ќе се врати во текот на серијата, но засега првиот меч против Лејкерс ќе мора да го одиграат без него. Во текот на сезоната, играчот бележеше солиден просек од 17,3 поени, 5,5 асистенции и 4,5 скокови по натпревар.





