Охриѓани четвртопласирани на Меморијалот „Георги Христов“ во Ботевград

Македонските кошаркарски клубови засилено се подготвуваат за новиот шампионат, а пријатни вести за добри резултати на засилениот АВ Охрид ни пристигнуваат од соседна Бугарија. Охриѓани го освоија четвртото место ма Меѓународниот турнир „Георги Христов“, кој се одржа во Ботевград.

„Галебите“, во полуфиналето загубија од домаќинот Балкан со 98-81, додека во средбата за бронзениот медал поразени се од Берое со 88-84.

Охридските кошаркари со мечевите во подготвителниот период ќе продолжат викендов на домашен терен против тимот на Берое. Двата тима ќе одиграат тест средби в сабота и в недела со почеток во 16:00 часот.