Охриѓанецот Осман замина од НБА лигата и го засили европскиот шампион!

Турскиот кошаркар Чеди Осман и официјално стана нов член на Панатинаикос, објави претседателот на клубот Димитрис Јанакопулос.

Осман е роден во Охрид, а во својата кариера ги носеше дресовите на Анадолу Ефес и настапуваше за Кливленд Кавалирс и Сан Антонио Спарс во НБА лигата. Ги покрива крилните позиции, но е и одличен шутер, а има и многу добри атлетски способности што би го направиле одлично засилување за секој тим во Евролигата. Според грчката „Газета“, Панатинаикос и Осман се договориле за едногодишен договор вреден 1,6 милиони долари.

Во трката за популарниот „Џедаи“ беа уште неколку евролигаши, меѓу кои Барселона, Ефес и Партизан