Охрид се поднови со уште двајца кошаркари од САД и Србија

Екипата на АВ Охрид продолжи да гради тим за наредната сезона и во своите редови донесе уште двајца кошаркари.

Еден доаѓа од САД, додека вториот е од Србија и е познат кога се работи за нашиот шампионат. 

Првото засилување е 24-годишниот Остин Аџуква, кој игра на позицијата крилен центар. Досега тој играше за Шарлот Атлетикс од САД, а за него ова ќе биде прва европска авантура. Второто име е Игор Мијајловиќ, искусен 35-годишен кошаркар кој е солиден шутер и треба да биде од голема помош. Тој доаѓа од романска Крајова, а во нашата земја настапуваше за Карпош Соколи, Кожув и МЗТ Скопје.

АВ Охрид под водство на Марјан Илиевски гради нов тим за новата сезона, а покрај гореспоменатите две засилувања донесени се уште Џексон, Младеновиќ, Лефковски, Мекиќ, Пенов, Штерјов и Мијатовиќ.