Охрид го искористи „џокерот“ и донесе Американец во Првата лига

Екипата на ГКК Охрид ангажира ново име во екипата и потпиша договор со странски играч за понатамошниот дел од сезоната, откако во странскиот ранг стана дозволено да се има по еден странски играч во колективите.

Нов член на клубот од градот крај езерото е Џејлен Хокинс. Кошаркарот е роден во САД во 1999 година, а се работи за плејмејкер кој ќе ја има првата европска авантура во кариерата.

Хокинс последниот ангажман го имаше во 2024 година во тимот на Алкорн Стејт Брејвс, а претходно беше дел од уште неколку други екипи во НЦАА-лигата.

Неговиот просек во последниот клуб беше 6,6 поени, 1,8 скока и 1 асистенција по меч, но добиваше мала минутажа - во 29 меча, имаше 8,9 минути во просек на теренот.