Огромна победа на Партизан во Италија, Ти-Џеј Шортс и Париз немоќни против Олимпијакос

Кошаркарите на Олимпијакос одиграа шампионски натпревар во „градот на светлината“ и против незгодниот Париз извојуваа сигурна победа од 73-90 во дуел од 25. коло од Евролигата. На тој начин грчкиот гигант им се реваншира на парижани за поразот во нивното прво соочување оваа сезона, откако во Атина гостинскиот тим славеше со 90-96.

Вечерва, Олимпијакос не дозволи уште едно изненадување и уште во првата четвртина му даде до знаење на противникот дека нема што да бара на овој натпревар. Шампионот од пред дванаесет години по првите десет минути имаше 15 поени предност и до крајот рутински ја сочува и ja запиша осумнаесеттата победа во сезоната. Ти-Џеј Шорт одново беше на висината на задачата и со 15 поени беше меѓу најдобрите во таборот на Париз. За Олимпијакос се истакна Саша Везенков со 23 поени.

Српскиот гигант Партизан брзо го преболи болниот пораз од Црвена Звезда во претходното коло и забележа важна победа на гостувањето во Италија, кај тимот на Виртус Болоња. „Црно-белите“ во драматичен натпревар славеа со 71-81 и се доближија на само една победа до местата кои што водат во плеј-инот. Браун со 20 и Џонс со 19 поени беа најзаслужни за големиот триумф на Партизан, а Шенгалија беше единствена светла точка кај домаќините (16 поени).

Екипата на Барселона ја прекина мини-серијата од два порази и во вистински момент им се врати на победите во Евролигата. Во Каталонија падна тимот на Макаби Тел Авив со убедливи 100-71 во натпревар во кој блесна поранешниот ас на Партизан, Кевин Пантер со 28 поени. За Барса се истакна и Џабари Паркер со 14 поени, а најдобар кај поразениот тим беше Риверо со 16 постигнати поени.