Огромна чест за легендарниот Јоргос Принтезис од неговиот Олимпијакос

Грчкиот кошаркарски гигант, Олимпијакос, ја информираше јавноста дека го повлекува од употреба дресот со бројот 15 во чест на легендарниот Јоргос Принтезис. 

Поранешниот грчки репрезентативец добива огромна чест од клубот за кој настапуваше скоро цела деценија, а воедно освои и многу титули, вклучително и две во Евролигата. Официјалната церемонија ќе се одржи на шести септември годинава, по што дресот со бројот 15 засекогаш ќе „виси“ во славното друштво, заедно со уште неколку легенди на Олимпијакос, меѓу кои е и Василис Спанулис. 

Принтезис освои вкупно четири шампионски титули во Грција, а засекогаш во меморијата на навивачите ќе остане неговиот кош кој донесе победа во големото финале на Евролигата, кога Олимпијакос ја совлада ѕвездената екипа на ЦСКА Москва. Тогаш во тимот на грчкиот гигант настапуваше и Перо Антиќ, кој замина во НБА лигата веднаш по двете освоени европски титули.