ОФИЦИЈАЛНО: Војдан Стојановски го напушти По Ортез, но потпиша за друг француски клуб

Големо изненадување е вечерашниот потпис на капитенот на македонската кошаркарска репрезентација за нов клуб во Франција. Војдан Стојановски потпиша за седмопласираната екипа во францускиот шампионат, Гравелин Данкерк.

Новиот клуб го претстави Македонецот, кој во францускиот шампионат има просек од 15,3 поени, 3,5 асистенции по натпревар, со 58% успешна реализација за три поени. Од 20 јануари Војдан ќе биде нов член на Гравелин Данкерк.

Војдан кариерата ја започна во Вардар, потоа настапуваше за АМАК СП, Напредак Крушевац, Фени Индустри, Черкаски Мавпи, Доњецк, Алба Берлин, МораБанк Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече и Олденбург.

Капитенот на македонската репрезентација, ќе биде присутен на првата официјална прозивка на 13 февруари кога ќе започнат подготовките за првите натпревари од квалификациите за Евробаскетот во 2021 година.