ОФИЦИЈАЛНО: Владимир Јовановиќ не е веќе тренер на Црвена Звезда

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда ја официјализира разделбата со првиот тренер Владимир Јовановиќ.

Она што се шпекулираше во изминатиот период се оствари. Српскиот гигант сега ќе бара итна замена на тренерската позиција.

„КК Црвена Звезда ја информира јавноста дека клубот ја прекина соработката со првиот тренер на сениорскиот тим. Клубот сака да ја искористи оваа прилика да му се заблагодари на Владимир Јовановиќ за огромната енергија, труд и работа што ја вложи во исклучително тешката ситуација. Црвена Звезда навремено и во најкус можен рок ќе ја информира јавноста за следните чекори и за именувањето на новиот прв тренер“ , гласи соопштението на „црвено-белите“.

Се чека официјална потврда, но српските медиуми пишуваат дека негова замена ќе биде искусниот Душко Ивановиќ.