ОФИЦИЈАЛНО: Тунискиот џин Межри се врати во Реал Мадрид

Шпанскиот шампион Реал Мадрид доведе уште еден висок кошаркар за почетокот на новата сезона. Тунискиот репрезентативец Салах Межри повторно е член на „кралскиот“ клуб, откако претходните години настапуваше во кинеската Суперлига.

33-годишниот Межри настапуваше за Реал Мадрид од 2013 до 2015 година, а потоа беше дел од екипите на Далас и Тексас. 218-сантиметри високиот Тунижанец ја освои Евролигата на домашен терен во Мадрид во 2015 година и го напушти најтрофејниот шпански клуб.

Сега се враќа како алтернатива за Тавараш и уште една опција за Пабло Ласо под обрачите.  

Реал Мадрид новата сезона ја почна со две победи во Евролигата и две во Ендеса лигата.