ОФИЦИЈАЛНО: Ти-Џеј Шортс е нов играч на гигантот ПАО!

Тренерот на ланскиот европски шампион Ергин Атаман официјално потврди дека Панатинаикос постигнал договор со македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс, еден од највпечатливите кошаркари од завршената сезона во Евролигата.

Во интервју за турскиот медиум HT Spor, Атаман изјави:

„Она што досега е сигурно во Панатинаикос е дека го потпишавме Шортс – највлијателниот играч на сезоната.“, изјави Атаман.

Шортс, кој настапуваше за Париз, беше еден од клучните играчи во европската сцена оваа година, а неговото доаѓање се гледа како значајно засилување за атинскиот гигант.

Покрај тоа, Атаман откри дека Панатинаикос активно работи на ангажман на врвен центар, со цел дополнително да го засили ростерот за новата сезона во Евролигата.