ОФИЦИЈАЛНО: Светислав Пешиќ уште една година селектор на Србија

Славниот и трофеен стратег, Светислав Пешиќ, официјално останува селектор на српската кошаркарска репрезентација и ќе биде нивен предводник уште најмалку една година. 

Самиот Пешиќ ја потврди информацијата на денешната прес-конференција и изрази голем оптимизам за предизвиците што следуваат. Договорот ќе трае до 30 септември 2025 година, по што ќе се разгледа можноста за евентуално продолжување на соработката. 

75-годишниот стратег ќе ги предводи „орлите“ во квалификациите за Европското првенство во 2025 година, што автоматски значи дека ќе остане на клупата и за континенталниот собир, ако се земе предвид фактот дека Србија скоро сигурно ќе обезбеди учество на турнирот. 

Пешиќ ја презема репрезентацијата во 2021 година и досега успеа да освои сребрен медал на Светското првенство минатата година, како и бронзен медал на Олимписките игри во Париз.