ОФИЦИЈАЛНО: Стив Кер е новиот предводник на „дрим-тимот“ на САД

Стив

Стив Кер ќе го предводи „дрим-тимот“ на Соединетите Американски Држави на Светското првенство 2023 и на Олимписките игри една година подоцна.

Првиот тренер на Голден Стејт Вориорс ќе го наследи Грег Попович. 56-годишникот има богата кариера и како играч и како стратег, па овој избор не е изненадувачки.

„Многу сум возбуден што ќе соработувам со тројца тренери за кои имам огромна почит, Ерик Споелстра, Монти Вилијамс и Марк Фју. Селекторската позиција во кошаркарската репрезентација на САД доаѓа со голема одговорност“, изјави Кер.

Кер почна да се занимава со тренерската работа по неговата играчка кариера и се приклучи на „воините“ од Голден Стејт во сезоната 2014/15 во НБА лигата.