ОФИЦИЈАЛНО: Спанулис не се откажува, ќе игра уште една сезона на Пиреја

Спанулис

Легендата на Олимпијакос, Василис Спанулис, веќе една деценија е дел од клубот, а нема намера да замине во пензија.

Официјалната страница на екипата потврди дека тој ја продолжи соработката на најмалку уште една година. Популарниот „Кил Бил“ важи за еден од најдобрите играчи во историјата на европската кошарка.

Со „црвено-белите“ освои две титули во Евролигата и многу одличја во домашните шампионати и Купови. 

Како голем предавник во очите на фановите на Панатинаикос пристигна на Пиреја во 2010 година. Во периодот до оваа година стана вистинска легенда на клубот и миленик на навивачката група.

Само двајца кошаркари останаа верни на Олимпијакос, Принтезис и Спанулис. Заминувањата ова лето предизвикаа големи промени во тимот.