ОФИЦИЈАЛНО: Шампионот во АБА лигата има приоритет за вајлд-картата во Евролигата

Претседателот на АБА лигата, Горан Чакиќ зборуваше за актуелните случувања и статусот на регионалното натпреварување.

Често се споменува колку навистина е важна АБА лигата за регионалната кошарка, поради што сè почесто се споменува за згаснување на натпреварувањето. Сепак, Чакиќ, кој е и генерален директор на КК Мега, смета дека важноста на АБА лигата сè уште е многу голема.

„Официјално, АБА шампионот ќе има приоритет во доделувањето вајлд-карта за учество во Евролигата. АБА лигата се игра за трофеј, произведува млади кошаркари и донесе многу добри работи во регионалната кошарка. АБА лигата е профитабилна, добро е финансирана, клубовите немаат дополнителни трошоци, сè е бесплатно, а тоа го нема во ниедна друга лига“, рече Чакиќ.

Актуелен шампион на АБА е Црвена Звезда, која во големото финале со 3-0 славеше над вечниот ривал Партизан