ОФИЦИЈАЛНО: Перо Антиќ, нов претседател на МКФ!

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) доби нов претседател, во името на Перо Антиќ, кошаркарската легенда кој реши да се кандидира и како единствен кандидат за столчето, ја доби довербата од клубовите.

На Изборното собрание гласот го дадоа 26 клубови - членови, додека од присутните, спорни излегоа две полномошни, на судии и делегати, како и Здружението 3х3. Од присутните клубови, 17 застанаа зад името на Перо Антиќ.

Антиќ е десеттиот претседател на МКФ, по осамостојувањето на Македонија. На столчето тој седнува на местото на Петар Наумоски, кој на „кошаркарска власт“ дојде во 2015 година на местото на Даниел Димевски.

Од 1991 година, па наваму, на столчето седеле Душан Петрески, Благоја Самакоски, Зоре Темелковски, Јордан Камчев, Горан Рафајловски, Леонид Гајдаџиев, Драгољуб Арсовски, Даниел Димевски и Петар Наумоски.