• Саше Љолес
Откако беше потврдено враќањето на тренерот Александар Петровиќ, управата на Пелистер го најави и „кам-бекот“ на поранешниот капитен, Бобан Стајиќ, кој доаѓа од редовите на Работнички.
Плејмејкерот минатата сезона ја мина во Скопје, но сега се враќа во Пелистер и потпиша двегодишен договор со „зелено-белите“. Стајиќ е искусно име во македонската кошарка и се очекува повторно да биде солидно засилување за битолскиот прволигаш.
Во дресот на Работнички имаше просек од 7 поени, 4 асистенции и 1 украдена топка по натпревар.