• Горан Упале
Како што се шпекулираше во последниот период, бекот на српската репрезентација Вања Маринковиќ се враќа во Партизан. Договорот најверојатно ќе биде потпишан на две години.
Како професионалец, Маринковиќ веќе настапуваше за Партизан од 2013 до 2019 година, кога се пресели во Валенсија, каде што остана две сезони. Од 2021 година беше играч на Басконија.
Во последната сезона во Евролигата, тој одигра 36 натпревари (27 како стартер) и имаше просек од 10,8 поени по натпревар, 2,4 скока и 1,6 асистенции за речиси 26 минути игра.
Покрај статистиката, впечаток е дека Маринковиќ целосно созреал како играч во Басконија, станал посестран, а во репрезентацијата е еден од кошаркарите на кои најмногу им верува селекторот Светислав Пешиќ.