• Горан Упале
По неколкумесечните шпекулации, од Мали Калемегдан пристигна вест која ги израдува сите навивачи на Црвена Звезда - Никола Калиниќ денеска и официјално се врати во црвено-белиот тим каде ќе го започне третиот мандат.
Последниве денови се поизвесно беше враќањето на поранешниот српски репрезентативец. Иако многу евролигаши беа заинтересирани за услугите на поранешниот член на Барселона, Калиниќ реши да се врати во Белград и да им помогне на „црвено-белите“ да ги одбранат сите трофеи следната сезона.
Ова ќе му биде трет мандат во Звезда, чиј дрес претходно го носеше во периодот од 2014 до 2015 година, а потоа и од 2021 до 2022 година, а во двете тие сезони ја освои тројната круна. Минатата сезона во Евролигата имаше скор од 7,3 поени, 3,8 скока и 2,4 асистенции. Тој е третото засилување на Црвена Звезда ова лето, а пред него пристигнаа Урош Плавшиќ и Ајзеа Кенан.