ОФИЦИЈАЛНО: Ненад Димитријевиќ се врати во руската кошарка!

Македонскиот репрезентативец и наш најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ има нов клуб. Како што беше најавено, тој се враќа во руската кошарја и ќе игра за Зенит. Тој ја заврши својата епизода во Олимпија Милано и замина повторно во Русија.

Клубот од Санкт Петербург го промовира македонскиот плејмејкер на социјалните мрежи. Димитријевиќ и Зенит потпишаа двегодишна соработка до крајот на сезоната 2027/27. 

Со овој потпис Димитријевиќ се враќа во ВТБ лигата каде што мина две сезони во дресот на Уникс Казан. Македонецот е добро етаблиран во руското првенство и од него се очекува да биде носител на играта на Зенит. 

Во својата кариера освен за Уникс и Олимпија македонскиот ас настапуваше уште за Хувентуд и Валенсија во шпанското првенство.