ОФИЦИЈАЛНО: Нандо Де Коло три години во Фенербахче! 

По неколкунеделната потрага по нов клуб, еден од најдобрите европски кошаркари, Нандо Де Коло ја пронајде својата нова средина. Искусниот француски репрезентативец пред повеќе од десет дена објави дека ги напушта редовите на ЦСКА Москва и е подготвен за нов предизвик, а тој е дресот на турскиот гигант Фенербахче. 

Попладнево шампионот на Турција ја потврди оваа информација која неколку дена се шпекулираше и потпиша тригодишен договор со Де Коло. 31-годишникот пристигна во Русија во 2014 година, откако промени две екипи во НБА лигата. Францускиот кошаркар беше дел од Сан Антонио и Торонто.

Со ЦСКА Москва освои две титули во Евролигата, а во 2016 година ја доби наградата МВП во големото финале.