OФИЦИЈАЛНО: Најдобриот стрелец на Евролигата потпиша за ЦСКА Москва

Шпекулациите добија потврда и човекот кој минатата сезона беше единствена светла точка во италијанскиот евролигаш Олимпија Милано, Мајк Џејмс од денес е нов член на ЦСКА Москва. Носителот на признанието „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец на регуларниот дел од сезоната на Евролигата се обврза на едногодишен договор со европскиот првак. 

Американецот со просек од 19,8 поени по натпревар, го победи Кори Хигинс од ЦСКА Москва и првпат стана крал на стрелците во Европа. Димитрис Итудис го доведе Мајк Џејмс, кој не беше во плановите на Еторе Месина по доведувањето на Чачо Родригез.

Актуелниот европски првак денеска потпиша договор и со американскиот шутер Рон Бејкер, кој доаѓа од НБА-лигата, каде настапуваше за екипите на Њујорк и на Вашингтон, а го доведе и грчкиот ветеран Куфос.