ОФИЦИЈАЛНО: Миротиќ го „предаде“ Мадрид и потпиша за вечниот ривал Барса

Никола Миротиќ

Утрово одекна веста дека Никола Миротиќ е нов кошаркар на Барселона. Она што се очекуваше да добие потврда веќе неколку дена се случи денес, а на тоа бурно реагираа фановите на Реал Мадрид.

Имено, шпанскиот кошаркар е познат по своите настапи во „кралскиот“ клуб и по изјавата во 2012 година дека нема никогаш да се пресели во каталонската екипа. Но, доби примамлива понуда и истата одлучи да ја прифати, што мадриѓани го означија како предавство.

Тренерот Светислав Пешиќ ќе го има поранешниот член на Милвоки и Чикаго од НБА лигата до 2022 година, со можност договорот да биде продолжен уште една година.

Барса значително се засили ова лето и ќе биде голем фаворит за сите титули наредната сезона.

„Дрим-тимот“ би бил комплетиран доколку се оствари и трансферот на Пау Гасол кој исто така е поврзуван со Каталонците.