ОФИЦИЈАЛНО: Марјановиќ во Фенербахче, ќе игра за „ситно“

Фенербахче го официјализира она што веќе беше познато, а тоа беше потписот со Бобан Марјановиќ. 

Искусниот српски центар по настапите во НБА лигата се враќа во Европа и пак ќе заигра во Евролигата. Тој ќе му се стави на располагање на тренерот Јасикевичиус во следните денови, а клубот го потврди потписот на едногодишниот договор со Србинот. 

Што се однесува до платата, Марјановиќ ќе заработува далеку помалку од тоа што го добиваше во НБА. Последната година во Хјустон тој доби плата од 2,9 милиони евра.

Според информациите во Фенербахче центарот ќе добие плата од 400.000 годишно, односно 45.000 по месец. Јасно беше дека Бобан Марјановиќ ќе добие значително пониска плата во Турција.