ОФИЦИЈАЛНО: Макаби се пофали со трансферот на Амаре Стадемаер

Стадемаер

Искусниот Амаре Стадемаер е нов кошаркар на екипата на Макаби од Тел Авив.

Поранешната НБА ѕвезда доаѓа како големо засилување за израелскиот гигант до крајот на сезоната. 37-годишникот во кариерата настапувал за Феникс, Њујорк, Далас и уште неколку екипи во САД, а шест пати бил дел од „Ол-стар“ натпреварот.

Американецот од 2019 година има израелско државјанство, што само ја докажува неговата поврзаност со земјата. 

Стадемаер зад себе има над 800 натпревари во регуларниот дел од НБА лигата и дополнителни 78 плеј-оф меча.