ОФИЦИЈАЛНО: Ларкин ќе ги брани боите на репрезентацијата на Турција

Како и што се очекуваше, Шејн Ларкин е нов репрезентативец на Турција. Феноменалниот американски кошаркар и член на Анадолу Ефес го потврди тоа на социјалните мрежи.

Долго време кружеа шпекулациите дека Амриканецот ќе прифати да биде дел од турскиот национален тим. Официјална потврди пристигна денес на големо задоволство на турските навивачи.

Ларкин има НБА искуство, но најдобриот дел од кариерата го одигра во Европа. Носејќи го дресот на Ефес успеа да го сруши апсолутниот рекорд по бројот на постигнати поени во Евролигата.