ОФИЦИЈАЛНО: Јака Блажиќ потпиша за Барселона

Словенецот Јака Блажиќ и официјално се пресели во тимот на Барселона, објавија медиумите во Каталонија. 

28-годишниот словенечки репрезентативец минатата сезона со успех го носеше дресот на Андора, каде бележеше просечни 13,6 поени по натпревар и тоа беше доволно за Светислав Пешиќ да го доведе во својот тим.

Барселона неодамна го продолжи договорот и со Анте Томиќ, а во тимот како новајлии пристигнаа и Пангос, Кјурик, Синглтон и Кустовјик, во обидот конечно од тронот да биде симнат Реал Мадрид.