• Горан Упале
Францускиот кошаркар Гершон Јабуселе и официјално е нов играч на Филаделфија, соопшти НБА клубот.
Французинот на тој начин ќе се врати во НБА лигата, каде од 2017 до 2019 година беше член на Бостон Селтикс и во две сезони одигра деведесет натпревари. Деталите од договорот на Филаделфија и францускиот ас не се откриени.
Јабуселе во последните три сезони го носеше дресот на Реал Мадрид и освои сè во европската кошарка, а неодамна го освои среброто на Олимписките игри во Париз со репрезентацијата на Франција, откако во финалето против Американците беше еден од најдобрите на теренот. На олимпискиот турнир имаше просек од 14 поени и 3,3 скока, додека од поле шутираше 51,9%.
Покрај за Реал Мадрид, Јабуселе играше во Франција за Асвел, Роан и Шалон, а во Кина играше и за Нанџинг Манки Кингс и Шангај Шаркс.