ОФИЦИЈАЛНО  Хезоња уште едно засилување на Реал Мадрид

Марио Хезоња и официјално е нов кошаркар на Реал Мадрид, објави шпанскиот гигант. Хрватот пред два дена ја раскина соработката со Уникс од Казан, а летово имаше и шпекулации дека би можел да премине во Партизан.

Реал интерес за него покажа пред неколку месеци, а на крајот челниците на мадридскиот клуб успеаја да договорат соработка со хрватскиот репрезентативец.

Во дресот на Уникс ја одигра најдобрата сезона во кариерата. Тој одлично се вклопи во начинот на работа на тренерот Велимир Перасовиќ и со тоа го привлече интересот на најдобрите клубови во Европа.

Пред Уникс, Хрватот играше во Панатинаикос, а пред епизодата во НБА играше и за Барселона.