ОФИЦИЈАЛНО: Гевгелија ќе биде домаќин на Купот на Македонија по пауза од три години!

МКФ

Македонската кошаркарска федерација одлучи завршницата на овогодишниот Куп да се игра во Гевгелија. Натпреварите ќе се одиграат од 15-17 февруари, а коорганизатори ќе бидат екипите на Блокотехна и Кожув

Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски, заедно со Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашко Поцков како и претставниците на клубовите, Ѓорѓи Гетов (Кожув) и Драган Ристов (Блокотехна) одржаа кратка средба во Гевгелија договарајќи ги последните детали околу организација за натпреварите од Купот во машка и во женска конкуренција.

Системот на натпреварување ќе биде ист како и минатата сезона. Првите осум екипи на табелата ќе бидат дел од четвртфиналната фаза во машка, додека во женска конкуренција ќе учествуваат првите четири екипи.

Титулата од минатата сезона ја брани МЗТ Скопје кој во финалето го надигра вечниот ривал Работнички.