ОФИЦИЈАЛНО: Две големи засилувања за Пелистер, Трајковски и Стајиќ се селат во Битола

Битолската кошарка од сезона во сезона зема сè поголем замав. Новата управа на битолскиот прволигаш со големи амбиции го презеде клубот, а потврда за тоа се денешните потписи со двајца квалитетни кошаркари. 

Од новата сезона во Битола се селат искусните Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ кои ја прифатија понудата на челните лица на Пелистер и во иднина ќе го носат „зелениот“ дрес. 

Двајцата македонски репрезентативци во сезоната која беше прекината поради корона-кризата ја минаа во редовите на Кожув, но нивниот престој во Гевгелија беше краток и сега пред себе имаат нов предизвик. 

Пелистер и оваа сезона имаше респектабилен тим, составен од квалитетни кошаркари и Љупчо Малинков на клупата, но за „влакно“ не успеа да обезбеди место во плеј-офот и да се бори за шампионската титула.