• Саше Љолес
Управата на Лос Анџелес Лејкерс реши да не губи време и веднаш ја објави новата соработка со Словенецот Лука Дончиќ, кој стави потпис на тригодишен договор, вреден 165 милиони долари!
Договорот беше повеќе од очекуван, но сега конечно добива официјална потврда, и тоа на првиот ден кога Лејкерси можеа да го сторат тоа - втори август.
Управата продолжува со креирање на новата екипа која во иднина треба да биде во функција на словенечката суперѕвезда, особено откако од тимот ќе замине славниот Леброн Џејмс. Минатата сезона Дончиќ имаше одличен просек од 28,5 поени, 7,3 асистенции и 7,9 скокови.


