ОФИЦИЈАЛНО: Док Риверс доби отказ по седум години во ЛА Клиперс!

Риверс

По разочарувачката сезона првиот тренер на Лос Анџелес Клиперс, Док Риверс, заработи отказ по седум години минати во клубот.

Сопственикот на тимот Стив Балмер ѝ се обрати на јавноста и ја објасни „заедничката“ одлука за разделба со искусниот стратег.

„Док беше одличен тренер на Клиперси, неверојатен амбасадор, столбот на франшизата во бурните времиња. Тој победи на многу натпревари и ги постави темелите на оваа франшиза“, изјави Балмер.

Порака на Док Риверс до навивачите на ЛА Клиперс: 

Очекувањата од управата оваа година беа високи, со оглед на ангажманот на Каваи Ленард и Пол Џорџ. На крај сезоната за „клиповите“ заврши со елиминација од Денвер Нагетс во полуфиналето на Западот и тоа со пропуштена одлична предност од 3-1.

Риверс важи за еден од најдобрите тренери во НБА лигата кој е заслужен за многу работи во Лoс Анџелес Клиперс. Имиџот на тимот значително се подигна за време на неговиот престој во кој оствари 365 победи и 208 порази.

Најсериозен кандидат за тренерската позиција е неговиот прв асистент Тајрон Лу.