ОФИЦИЈАЛНО: Дивац на 51 година стана дел од кошаркарската „Куќа на Славните“

Владе Дивац

Србинот Владе Дивац, една од првите НБА ѕвезди со потекло надвор од САД, официјално стана дел од кошаркарската „Куќа на Славните“ на 51-годишна возраст.

Поранешниот член на Партизан со висина од 216 сантиметри заигра во најсилната лига во светот во 1989 година. Пристигна во Лос Анџелес Лејкерс со очекувања да го замени големиот Карим Абдул Џабар.

Во текот на кариерата постигна над 13.000 поени и собра 9.000 скока, играјќи на 1.143 натпревари. Покрај за „езерџиите“, српската легенда настапуваше и за Шарлот, а најмногу се прослави во Сакраменто, каде денес ја извршува функцијата генерален менаџер.

Со Југославија стана светски првак, а беше и олимписки вицешампион во 1988 и 1996 година (со репрезентацијата на Србија).