ОФИЦИЈАЛНО: Дејан Радоњиќ седнува на клупата на ПАО

Црвена Звезда во новата сезона ќе мора да влезе со нов тренер, откако остана без услугите на Дејан Радоњиќ. 

Црногорскиот стручњак се договори и потпиша со грчки Панатинаикос. Радоњиќ парафира двегодишна соработка со култниот клуб, ќе продолжи да се натпреварува во Евролигата, а ќе се бори и за трофејот во Грција. 

Договорот на тренерот со Црвена Звезда заврши, па така тој е без обврски кон клубот. Радоњиќ во својата кариер,а освен во Србија и родната Црна Гора, надвор од Балканот работеше само во Баерн.