• Зоран Мишевски
Хрватскиот шампион Цедевита обезбеди големо засилување за следната сезона која почнува во септември. Имено, клубот од Загреб потпиша со бразилскиот центар угусто Лима, кој минатаа сезона настапуваше за Мурсија.
26-годишниот крилен центар висок 208 сантиметри, уште на 16 години пристигна во Европа и го облече дресот на Малага. Подоцна го носеше дресот на Мурсија, Реал Мадрид, литванскиот Жалгирис, турскиот Бешикташ и кинескиот Ксидјанг.
Минатата сезона во Ендеса лигата во дресот на Мурсија, бразилскиот ас просечно бележеше 6,4 поен и 5,8 скока во 19 минути по натпревар.