ОФИЦИЈАЛНО: Букер ќе го замени Лилард во тимот на Леброн

Букер

Дејмиан Лилард се повреди на дуелот со Мемфис и официјално го откажа учеството на „Ол-стар“ викендот. Ѕвездата на Портланд беше избран во тимот на Леброн Џејмс, а требаше да шутира тројки во саботната егзибиција. НБА лигата беше приморана да најде замена за него и истата ја најде во Феникс.

Се работи за најдобриот стрелец на Санси, Девин Букер. Неговото отсуство и така беше критикувано од јавноста, па немаше дилема кој треба да го пополни празното место.

Бекот на Феникс оваа сезона има просек од 26,4 поени, 4,2 скока и 6,3 асистенции.

„Ол-стар“ викендот е закажан за овој викенд и ќе се одржи во Чикаго. По истиот, следува завршницата од регуларниот дел од сезоната, во кој екипите ќе се борат за место во плеј-офот.