ОФИЦИЈАЛНО: Барса го задржа Миротиќ до 2025 година

Миротиќ

Никола Миротиќ ја продолжи соработката со Барселона за дополнителни две години, што значи дека ќе остане во каталонскиот клуб до 2025 година.

29-годишникот пристигна во Каталонија пред една сезона, напуштајќи ја НБА лигата по шест години. Уште веднаш влијаеше на играта на екипата, а просекот од 19,5 поени и 5,7 скока му ја донесе МВП наградата во домашното првенство.

„Среќен сум, многу сум благодарен на клубот за оваа можност и среќен што го продолжив мојот договор. 2025 звучи одлично, многу години ќе го носам овој дрес и се надевам дека ќе имам многу успеси“ , изјави Миротиќ.

Шпанскиот интернационалец со црногорски корени ја започна кариерата во Реал Мадрид. Во 2014 година замина во НБА лигата и беше дел од екипите на Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.