• Саше Љолес

Управата на македонскиот прволигаш, Пелистер, официјално го назначи Александар Петровиќ за нов тренер. Неговото враќање во Битола беше најавено уште пред неколку недели, а сега тоа добива и потврда од клубот.
Поранешниот тренерот на МЗТ Скопје, Карпош Соколи и Академија ФМП ќе има задача конечно да го вивне клубот до шампионските висини и да го направи клучниот исчекор во плеј-офот. Пелистер три години во низа стигнува до финалето, каде губи од екипата на МЗТ Скопје, а оваа сезона се очекува да се мине последната пречка кон трофејот.
Петровиќ е роден битолчанец и тој е искусен тренер со неколку трофеи во своето резиме, а во 2022 година беше избран за најдобар тренер во лигата, откако го внесе МЗТ Скопје во АБА лигата и ја освои титулата во првенството.