ОФИЦИЈАЛНО: Александар Ѓорѓевиќ е поставен за нов тренер на Виртус

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ и официјално е  именуван за нов тренер на италијанскиот Виртус.

Србинот доаѓа на местото на Пино Сакрипанти, кој доби отказ по серијата на лоши резултати (четири порази во последните пет натпревари). За Ѓорѓевиќ превземањето на Виртус значи и враќање во италијанската кошарка, бидејќи претходно ги има водено тимовите на Армани и Бенетон.

Последен клупски тренерски ангажман на 51-годишниот српски тренер беше во тимот на Баерн Минхен, каде се задржа две години (2016-2018), а пред тоа во натпреварувачката 2015/16 година го предводеше грчки Панатинаикос.

Своето деби во новиот клуб ќе го има во реванш-натпреварот од осминафиналето на ФИБА Лигата на шампиони, откако првиот меч во Франција заврши со реми исход (74-74),