Одредени групите за вториот европски мундијалски филтер

Откако вчера завршија дел од натпреварите од шестото коло од групната фаза, познати се сите учесници, како и составот на групите за втората фаза во квалификациите за Светското првенство 2023 меѓу европските селекции.

Првите три репрезентации од секоја група во првата фаза се пласираа во следната рунда. Сите екипи ќе ги задржат бодовите од првиот дел. Во второто коло секоја селекција ќе одигра по два натпревари со по три селекции од друга група во првото коло.

Група И: 
Грција, Летонија, Турција, Белгија, Србија, Велика Британија

Група Ј: 
Германија, Финска, Словенија, Израел, Шведска, Естонија

Група К: 
Франција, Литванија, Црна Гора, Чешка, Босна и Херцеговина, Унгарија

Група Л: 
Шпанија, Италија, Грузија, Исланд, Украина, Холандија

Првите три селекции од секоја група ќе се квалификуваат за Светското кошаркарско првенство во 2023 година. Втората фаза ќе се игра низ три прозорци, во август 2022 година, ноември 2022 година и февруари 2023 година.