Одредена најдобрата петорка во Ендеса лигата, два „крала“ меѓу избраните

Џанан Муса е најпријатното изненадување во идеалниот тим на шпанското кошаркарско првенство. Босанецот одигра навистина неверојатна и успешна сезона во дресот на Реал Мадрид, а босанскиот кошаркар се закити и со титулата во Евролигата, откако во финалето „кралевите“ успеаја да слават над грчки Олимпијакос

24-годишниот бек-шутер на Реал беше еден од најдобрите поединци во тимот и сосема заслужено се најде во идеалната петорка на Евролигата, а денес од Шпанија стигнува информација дека Муса е избран и во најдобрата петорка во Ендеса лигата!

Ова е само уште едно големо признание за неговата спектакуларна сезона во која имаше просек од 14,7 поени, 2,7 скокови и 2,4 асистенции по натпревар во домашното првенство, но и во Евролигата имаше повеќе од солиден учинок со просечни 15,2 поени на секој одигран меч. 

Покрај Џанан Муса, во идеалната петорка уште се најдоа и Гиорги Шермандини, Дариус Томпсон, Маркус Хауард и Еди Таварес. Навистина успешна и сезона за паметење за босанскиот кошаркар кој има и НБА-искуство од настапите за Бруклин Нетс во периодот меѓу 2018 и 2020 година.