„Одработивме добри подготовки, очекувам АБА-старт со победа во Битола“

Со серија на засилувања, нов проект и нов тренер, битолски Пелистер ја почнува новата сезона во втората Јадранска лига. Дуелот со Широки во Битола се очекува со голем ентузијазам, но оптимисти се и Босанците.

Ивица Радиќ има само пофални зборови за подготовките на босанскиот претставник.

„Зад нас е добро одработен подготвителен период, па подготвени сме за стартот на новата сезона. Би било убаво да го отвориме почетокот на АБА2 лигата со победа против Пелистер Знаеме дека ни претстои тешко гостување, но фокусирани сме на нас, нашата игра во одбраната и нападот. Работиме многу добро, па се надевам на наша победа“.

Во претходните изданија на АБА2 лигата битолчани имаа одлични настапи и резултати во дуелите со Широки.