• Иван Димовски
НБА лигата ги објави официјалните состави за овогодинешниот „Ол-стар“ спектакл, кој ќе се одржи во салата на Лос Анџелес Клиперс во Инглвуд. Во составот на селекцијата на САД повторно ќе се најдат големите ѕвезди Стеф Кари, Леброн Џејмс и Кевин Дурент.
Во последен момент, во ростерот на американската репрезентација беше вклучен и Кавај Ленард, кој првично не се најде меѓу 24-те поканети играчи. Одлуката беше донесена непосредно пред официјалната објава на составите, најверојатно поради неизвесниот настап на повредениот Јанис Адетокумбо. Овој потег директно влијаеше на распределбата на Карл Ентони Таунс, кој беше префрлен во екипата на Светот. Иако е роден во Њу Џерси, Таунс на меѓународна сцена настапува за Доминиканската Република, земјата на неговата покојна мајка.
Повозрасните од НБА лигата се најдоа во тимот САД Страјпс чиј тренер ќе биде Мич Џонсон од Сан Антонио, помладите во САД Старс чиј тренер ќе биде Џеј-Би Бикерстаф од Детроит, а странците ќе играат во тимот на Светот и ќе ги води Дарко Рајатовиќ од Торонто.
- Тимови за „Ол-стар“ натпреварот:
Традиционалниот спектакл на средината од сезоната оваа година ќе се игра во целосно нов формат САД против остатокот од светот. Вкупно 25 кошаркари ќе бидат распоредени во три екипи, а сите натпревари ќе траат по 12 минути по следниот распоред.
- САД Старс - Свет
- САД Страјпс - победник од натпревар 1
- САД Страјпс - поразен од натпревар еден
- Финале на двете најдобри во системот на мини-лига
Од НБА сметаат дека новиот концепт ќе ја врати привлечноста кон „Ол-стар“ викендот. Форматот се менуваше во последните години, а критиките од сите страни доаѓаа и доаѓаа. Останува да се види како ќе изгледа новиот систем.