Одложеното „вечно дерби“ ќе се одигра денес во Гостивар и тоа без публика!

Вечното дерби на македонската кошарка меѓу МЗТ Скопје и Работнички, кое вчера беше одложено, ќе се одигра денес и тоа не во Скопје, туку во салата „Младост“ во Гостивар, со почеток од 19.00 часот. 

Поради неисправност на семафорот во салата „Градски Парк“ синоќа немаше услови за одигрување на кошаркарски меч, па домаќинот на мечот, Работнички понуди дербито да се одигра во Гостивар. Исто така, според најавите на домашната екипа големото дерби ќе се игра без присуство на публика. 

Ова ќе биде прво градско првенствено дерби кое ќе се одигра надвор од Скопје, а МКФ направи и промени во судиската тројка. За прв судија е назначен Милојевиќ, а ќе судат и Митровски и Феревски. Делегат на мечот ќе биде Николовски.