Одложени уште два натпревари во НБА поради пожарите во Лос Анџелес

Лос Анџелес е погоден од страшни пожари кои однесоа жртви, изгореа цели населби, а натераа илјадници луѓе на евакуација на своите домови. 

Сосема очекувано се одложуваат спортските настани во овој град, па така е и во НБА лигата. Веќе беше одложен дуелот на Лејкерси против Шарлот, а сега се потврдени уште две одложувања. 

„НБА и организациите на Клиперси и Лејкерси во комуникација со локалните претставници во Лос Анџелес, одлучи поради ситуацијата со пожарите се одложени следните натпревари“, стои во соопштението.

Ноќта меѓу сабота и недела требаше да се одиграат дуелите на Клиперси со Шарлот Хорнетс, како и оној на Лејкерси против Сан Антонио Спарс.

Многу веројатно ќе следат и нови одложувања, особено за Лос Анџелес Лејкерси кои имаат серија од четири меча на домашен терен во следните седум дена.