Одличните партии на Рејман му донесоа кам-бек во „гордоста на Израел“

Американецот со израелски пасош, Вил Рејман, официјално се враќа во Макаби од Тел Авив и повторно ќе игра за кошаркарскиот гигант, откако мина една сезона во францускиот Сен Кантон.

Крилниот центар минатото лето потпиша тригодишен договор со Макаби, но беше испратен на позајмица во Франција, каде просечно бележеше 7,4 поени и 5,7 скокови по натпревар. „Израелската гордост“ реши експресно да го врати назад и од него се очекува да биде солидно засилување во играта под кошевите. 

Рејман настапува во Европа од 2020 година, а претходно играше во Гетинген, Вентспилс и Хапоел Хаифа.