• Саше Љолес
Откако стана јасно дека нема да остане во Партизан, Бразилецот Бруно Кабокло изгледа дека реши да се врати во НБА лигата, каде последен пат настапуваше во сезоната 2020/21.
Одличниот бразилски крилен центар добил повик од екипата на Кливленд Кавалирс и голема е веројатноста наскоро да потпише двегодишен договор, тврдат регионалните медиуми. НБА тимот бил одушевен од неговиот настап на Олимписките игри и затоа веднаш стапил во контакт, за да може побргу да ја заврши зделката.
Кабокло одигра една сезона за Партизан, а претходно настапуваше за Сакраменто, Торонто, Мефис и Хјустон во НБА лигата. Исто така, ги бранеше боите на Лимож, Сао Паоло и Ратиофарм Улм.