Одлични вести за Спанулис: Грција со првата ѕвезда во напад на ЛОИ

Селекторот на грчката кошаркарска репрезентација, Василис Спанулис, го објави списокот на повикани играчи за квалификациите за Олимписките игри, а таму се најде и првата ѕвезда на тимот, Јанис Адетокумбо. 

Асот на Милвоки Бакс ќе се приклучи на репрезентацијата и ќе ја предводи на квалификацискиот турнир во Пиреа, каде Грција ќе се соочи со Египет и Доминиканската република. 

Комплетниот список на грчката репрезентација: 

Костас Папаниколау, Ник Калатес, Костас Слукас, Јанулис Ларенцакис, Јанис Адетокумбо, Јоргос Папајанис, Јоанис Папапетру, Константинос Митоглу, Томас Вокап, Јоанис Кузелоглу, Никос Хугаз, Костас Адетокумбо, Василис Харалампопулос, Димитрис Мораитис, Панајотис Калаицакис, Василис Толиопулос, Неоклис Авдалас и Михалис Лунцис.

Квалификацискиот турнир ќе се одигра во периодот помеѓу втори и седми јули. Грција е фаворит во својата конкуренција и ќе има огромна поддршка од домашните навивачи.